24фудбал

Сампдорија го сака Балотели, ама бара попуст

Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро вели дека ќе го пречека Марио Балотели со раширени раце доколку Ливерпул ја спушти цената под 10 милиони евра

Италија

Репрезентативецот на ’Аѕурите’ имаше катастрофална прва сезона на Енфилд, па се почесто се говори дека ова лето Марио Балотели ќе ја промени средината.

Сампдорија сака да го врати ’Супер Марио’ во Серија А, а првиот човек на клубот, Масимо Фереро вели дека со раширени раце ќе го пречека проблематичниот напаѓач доколку Ливерпул ги намали барањата.

„Ми кажаа дека Балотели вчера бил во Џенова” – вели Фереро.

„Тој чини 10 милиони евра, но доколку добиеме попуст на оваа сума, ќе го пречекам со раширени раце”.

Минатото лето, Ливерпул му плати 20 милиони евра на Милан за услугите на Марио Балотели.