24фудбал

Мурињо: Азар е подобар од Роналдо

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо го смести Еден Азар помеѓу тројцата најдобри фудбалери во светот, и верува дека Белгијанецот минатата сезона бил подобар од Кристијано Роналдо

Англија

Репрезентативецот на ’Црвените Ѓаволи’ даде голем допринос во освојувањето на Премиерлигата, а за одличните перформанси го понесе признанието Најдобар Фудбалер, и во изборот на фудбалерите, и во изборот на новинарите.

Според Жозе Мурињо, Еден Азар е помеѓу тројцата најдобри фудбалери, заедно со Лео Меси и Кристијано Роналдо.

’Специјалниот’ исто така верува дека Еден Азар минатата сезона бил подобар од CR7 бидејќи Реал Мадрид не освоил ниту еден трофеј.

„Очигледно зависи од сезоната што ја имале” – вели менаџерот на Челзи. „Треба да освојат титули, нели? Фудбалот без титули е ништо. Меси ја освои тројната круна”.

„Минатата сезона славеше во три натпреварувања, стигна до финале на Копа Америка. Имаше фантастична сезона, и на индивидуално ниво и на клупско”.

„Ни ми се допаѓа кога играчите или менаџерите освојуваат индивидуални трофеи без тимот”.

„Минатата сезона Азар беше подобар од Роналдо. Но не можам да го оспорам фактот дека Роналдо беше фантастичен. Тој беше фантастичен, постигна неверојатен број на погодоци”.

„Не велам дека Роналдо не беше фантастичен. Едноставно, од моја гледна точка, ниту еден фудбалер не треба да ги става индивидуалните достигнувања пред тимот”.

„Азар сега има голем статус, минатата сезона беше прогласен за еден од десетте најдобри играчи во Европа”.

„Според мене, тој треба да биде во топ три а не во топ 10”.

„Мислам дека Еден е најдобриот играч во Англија. Премиерлигата е најдоброто првенство во светот, па мислам дека тој е помеѓу најдобрите”.