24фудбал

Бонучи во Јуве до 2020

Според медиумите од Италија, Јувентус и Леонардо Бонучи постигнале согласност за нов пет годишен договор

Италија

Извештаите што пристигнуваат од Апенинскиот полуостров велат дека Леонардо Бонучи е последниот играч на Јуве што ставил потпис на нов договор, дефанзивецот се оврзал кон ’Старата Дама’ до 2020.

28 годишниот репрезентативец на ’Аѕурите’ според нов договор ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Официјална потврда за ова ќе пристигне утре, Леонардо Бонучи ќе се појави на прес конференција заедно со претседателот на ’Бјанконерите’, Андреа Ањели.

Шампионот на Италија ова лето веќе ги онови договорите на Џиџи Буфон, Џорџо Кјелини и Клаудио Маркисио.