24фудбал

Муту го откри кошмарот на Ибра

Адријан Муту сподели смешна приказна за страшниот сон што една вечер го имал неговиот соиграч Златан Ибрахимовиќ

Останато

Романецот, кој две години играше покрај Златан Ибрахимовиќ во Јувентус, во интервју за Costin Desliu откри дека често делел соба со Швеѓанецот на патувањата, и во спомен му останала една вечер кога популарниот ’Ибракадабра’ имал страшен сон.

„Златан е најдобар” – вели Муту. „Кога бевме соиграчи во Јувентус, често спиевме во иста соба”.

„Една вечер се разбуди и ми рече: ’Ади, стани! Имав кошмар. Сонував дека Роналдо е подобар од мене!’”.

„Се врати да спие само откако му кажав: ’Не, Златан, не!. Ти си најдобар во целиот свет! Смири се!’”.