24фудбал

Де Брујне: Не знам каде ќе играм во новата сезона

Трансфер целта на Манчестер сити и ПСЖ, Кевин Де Брујне одбива да потврди дека ќе го носи дресот на Волфзбург и во новата сезона

Германија

Репрезентативецот на Белгија минатата сезона покажа импресивни перформанси, па го привлече вниманието на неколку клубови, помеѓу кои Баерн Минхен, ПСЖ и Манчестер сити.

Во последно време се почесто се говори дека ’Граѓаните’ се фаворити во трката за потписот на Кевин Де Брујне, медиумите шпекулираат за трансфер вреден фантастични 80 милиони евра.

Од таборот на Волфзбург порачуваат дека играчот не е на продажба, но самиот Кевин Де Брујне одбива да потврди дека ќе го носи дресот на ’Волците’ и во новата сезона.

Во разговор со Kicker, запрашан за кој клуб ќе настапува, Белгијанецот вели: „Не знам”.

„Се фокусирам само на тоа да тренирам добро, и да се погрижам да бидам во добра форма”.

„Ќе видиме што ќе се случи во иднина”.

„Секогаш е убаво кога големи клубови пројавуваат интерес за вас. Секако дека мислам на ова”.