24фудбал

Твитерот на Ливерпул го ’исече’ Балотели од сликата со фудбалери од светска класа

Марио Балотели доби ’корпа’ од Твитер профилот на Ливерпул, репрезентативецот на Италија не е фудбалер од светска класа според ’Црвените’

Англија

Твитер профилот на клубот од Енфилд постираше изјави од Адам Лалана, кој истакна дека со нетрпение чека на тимот да му се придружат фудбалерите од светска класа кои тренираат во Мелвуд и не се дел од турнејата на Далечниот Исток.

На постот беше закачена слика од Емре Чан, Филипе Кутињо и новото засилување Кристијан Бентеке.

Но медиумите од ’Островото’ веднаш посочија дека на оргиналната слика бил и Марио Балотели, а Твитерот на Ливерпул намерно го ’исекол’ Италијанецот од својот пост.

Популарниот ’Супер Марио’ минатото лето се пресели на Енфилд, но имаше разочарувачка сезона и за очекување е ова лето да ја промени средината.