24фудбал

Ван Гал сака супер ѕвезда

Луј ван Гал вели дека на Манчестер јунајтед му е потребна супер ѕвезда за да конкурира на најдобрите во Европа, и додава дека Кристијано Роналдо нема да се врати на Олд Трафорд

Англија

И покрај тоа што потроши повеќе од 225 милиони фунти на засилувања откако минатото лето го превзеде кормилото на ’Црвените Ѓаволи’, Холанѓанецот верува дека на неговиот тим му недостасува брзина и креативност во нападот.

„Потребна ни е брзина и креативност во нападот” – вели Ван Гал. „Затоа се надевам дека Анхел Ди Марија ќе остане. Но знаеме дека неговата иднина е под знак прашалник”.

Запрашан каков тип на играч му е потребен, Ван Гал одговори: „Можам да ви дадам примери на шампиони”.

„Баерн Минхен ги има Франк Рибери и Арјен Робен; Челзи ги има Еден Азар и Вилиан; Реал ги има Кристијано Роналдо и Герет Бејл; Барселона ги има Нејмар и Лео Меси”.

„Нашите фанови сакаат Манчестер јунајтед да се натпреварува со овие тимови”.

„Ешли Јанг и Хуан Мата беа фантастични минатата сезона, со асистенции и голови, но за да се освои Лигата на Шампионите, исто така ви е потребна брзина”.

„Па затоа мислам дека треба да ангажираме играч со брзина и креативност”.

Изминативе неколку дена, Манчестер јунајтед силно се поврзуваше со ангажман на Кристијано Роналдо, но Луј ван Гал вели дека нема реални шанси за комплетирање на ваков трансфер.

„Секако дека би сакал да го ангажираме Роналдо, но тоа не е возможно”.