24фудбал

Јоветиќ пристигна во Милано на лекарски прегледи со Интер

Стеван Јоветиќ утрово пристигна во Милано, репрезентативецот на Црна Гора е на чекор до трансфер во Интер

Италија

’Нероаѕурите’ и Манчестер сити изминатиов викенд си подадоа рака за преселба на Стеван Јоветиќ на Џузепе Меаца, па офанзивниот фудбалер ја напушти турнејата на ’Граѓаните’ на Далечниот Исток.

Репрезентативецот на Црна Гора утрово пристигна во Милано за да го комплетира трансферот.

Утре ќе треба да ги помине лекарските прегледи, и доколку се е во ред, ќе стави потпис на договорот со Интер.

„Среќен сум што се враќам во Италија” – им рече Јоветиќ на новинарите кои го пречекаа на аеродромот.

„Знам дека фановите на Интер очекуваат многу. Мило ми е поради тоа. Сакам да ги поздравам сите”.

Јоветиќ на Џузепе Меаца пристигнува на две годишна позајмица за која Интер ќе плати 3 милиони евра.

’Нероаѕурите’ ќе бидат обврзани во целост да го откупат играчот во 2017 за додатни 12 милиони евра.