24фудбал

Македонија во група со два светски шампиони, Шпанија и Италија доаѓаат во Скопје

Попладнево во Русија беа извлечени квалификациските групи за мундијалот во 2018, Македонија е во Групата Г заедно со два светски шампиони во името на Шпанија и Италија

Македонија

’Црвено-жолтите’ добија интересна но тешка група за Светското Првенство во Русија.

Македонија за противник ќе ги има гигантите Шпанија и Италија, нашиот западен сосед Албанија, како и Израел и Лихтенштајн.

Квалификациите ќе започнат на 4. септември 2016, деталниот распоред дополнително ќе треба да го договорат селекторите на репрезентациите.

Пласман на мундијалот обезбедуваат победниците на деветте групи, а најдобрите осум второпласирани селекции преку бараж ќе се борат за дополнителни четири места.