24фудбал

Ромањоли го одбил Наполи, сака само во Милан

Според медиумите од Италија, Алесио Ромањоли го одбил Наполи, дефанзивецот сака само трансфер во Милан

Италија

Вчера се појавија стории кои велеа дека ’Наполитанците’ понудиле 30 милиони евра за услугите на Алесио Ромањоли, односно сумата што ја бара Рома.

Сепак, според пишувањата на Sport Mediaset, дефанзивецот одговорил негативно бидејќи сака само трансфер во Милан.

Останува да се види дали Милан и Рома ќе успеат да пронајдат заеднички јазик, ’Римската Волчица’ веќе одби неколку предлози.

Последната понуда на ’Росоњерите’ беше 25 милиони евра, а Адриано Галијани најави дека оваа бројка финална.