24фудбал

Волфзбург: Де Брујне не побарал трансфер

Спортскиот директор на Волфзбург, Клаус Алофс ги демантира сториите на медиумите од ’Островото’ кои велеа дека Кевин Де Брујне побарал трансфер

Германија

Утрово се појавија неколку написи според кои Манчестер сити е многу блиску до ангажман на Кевин Де Брујне за рекордни 80 милиони евра откако репрезантативецот на Белгија побарал од лидерите на Волфзбург да му дозволат да ја промени средината ова лето.

Сепак, спортскиот директор на ’Волците’, Клаус Алофс вели дека нема вистина во ваквите стории.

„Кевин Де Брујне не побарал трансфер” – вели Аловс. „Ова дефинитивно е нова медиумска патка”.