24фудбал

Румениге со порака до Јунајтед: Некои играчи немаат цена

Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге му порача на Манчестер јунајтед да заборави на ангажман на Томас Милер

Германија

Подолго време се говори дека менаџерот на ’Црвените Ѓаволи’, Луј ван Гал сака да ја обнови соработката со Томас Милер и да го донесе репрезентативецот на ’Панцирите’ на Олд Трафорд.

Се шпекулира дека Манчестер јунајтед е подготвен да плати фантастични 100 милиони евра за услугите на Германецот.

Сепак, од таборот на Баерн Минхен порачуваат дека Томас Милер не е на продажба.

„Некои играчи немаат цена” – вели Карл Хајнц Румениге.

„Треба да сме луди за да дозволиме играч како Милер да го напушти клубот”.