24фудбал

Савиќ потпиша за Атлетико Мадрид

Клубот од Висенте Калдерон го потврди трансферот на Стефан Савиќ, дефанзивецот стави потпис на пет годишен договор

Шпанија

Репрезентативецот на Црна Гора, Стефан Савиќ е ново засилување за Диего Симеоне.

Изминатиов викенд, Атлетико Мадрид и Фиорентина си подадоа рака за зделка вредна 12 милиони евра, па фудбалеорот вчера пристигна во Мадрид на лекарски прегледи.

Откако беа комплетирани сите формалности, дефанзивецот се обврза кон Атлетико во следните пет години.

„Атлетико и Фиорентина постигнаа согласност за трансферот на Стефан Савиќ. Играчот откако ги помина лекарските прегледи стави потпис на пет годишен договор” – гласеше известувањето на клубот од Висенте Калдерон.

Стефан Савиќ ќе треба да биде замена за Миранда, кој ова лето беше продаден на Интер.