24фудбал

Членовите на Барса не сакаат да платат 80€ милиони за Погба

’Каталонците’ се поврзуваат со ангажман на Пол Погба од Јувентус, но членовите на клубот се противат на идеата да бидат платени 80 милиони евра за Французинот

Шпанија

Фановите кои плаќаат членарина во Барселона кажаа НЕ на прашањето дали клубот треба да инвестира 80 милиони евра за ангажман на Пол Погба.

Во анкета спроведена од страна на TV-3 и Catalunya Radio, околу 5000 ’сосио’ биле запрашани да го дадат своето мислење за мега трансферот на Французинот.

18,9% од испитаниците одоговориле позитивно на прашањето, 70,6 кажале НЕ, додека пак 10,4 одбиле да дадат одговор.

На почетокот од овој месец, директори на Барселона имаа средна со своите колеги од Јувентус, им презентираа понуда вредна 80 милиони евра, но шампионот на Италија одговори негативно.

На ваквиот трансфер се противи и легендата на ’Каталонците’, Јохан Кројф кој истакна дека е лудост да се платат 80 милиони евра за Пол Погба.