24фудбал

Ако го мине АПОЕЛ, Вардар ќе игра против Митјиланд или Линколн

’Црвено-црните’ денеска го дознаа евентуалниот противник во третото квалификациско коло во Лигата на Шампионите

Македонија

Шампионот на Македонија имаше поволна ждрепка, доколку го мине кипарски АПОЕЛ, во третото квалификациско коло ќе игра со подобриот од дуелот Митјиланд и Линколн.

Клубот од Данска важи за голем фаворит во дуелот со дебитантот од Гибралтар, но на првиот натпревар на домашен терен стигна само до минимална победа од 1-0.

Но пред да се мисли на следниот противник, Вардар на 21. јули ќе треба да прикаже уште еден одличена партија и да го елеминира АПОЕЛ.