24фудбал

Вардар: АПОЕЛ беше одличен домаќин

Раководството на Вардар изрази благодарност до АПОЕЛ за одличниот пречек и гостопримство, македонскиот тим ќе се обиде да возврати на идентичен начин.

Македонија
Вардар позитивно ја заврши епизодата во Никозија, македонскиот шампион со реми се врати од Кипар, резултат кој ветува добра атмосфера и дава реални шанси за елиминација на противникот.
 
Раководството на Вардар е задоволно и од организацијата на мечот поради што изрази јавна благодарност до домаќинот за организацијата на мечот:
 
Раководството на Вардар истакнува голема благодарност до раководството на АПОЕЛ за фер и коректниот дочек и соработка за време на престојот на нашата експедиција во Никозија. 
 
Жалиме што изолирани инциденти и транспарентите на трибините кои сакаа да иницираат провокација беа ставени пред коректноста на АПОЕЛ кои се покажаа како добри домаќини. Во секое лошо има и добро. А, тоа е кипарскиот тим кој уште еднаш покажа како треба да се пречекува еден тим во нивната земја. Од трансферот од аеродромот до хотелот, па од хотелот до стадионот, се беше одлично организирано и со полициска придружба се со цел нашите играчи и ние како раководство безбедно стигнеме до саканата дестинација. 
 
Воспоставивме и одлична соработка која ќе продолжи и во иднина. Благодариме АПОЕЛ и сега е редот на нас. Сега ние треба да вратиме на доброто домаќинство во Скопје. Ќе дадеме се од себе и Кипраните да наидат на истото гостопримство во нашиот град. Со нетрпение го чекаме реваншот во вторник" - стои во соопштението на Вардар.
 
Фото: ФК Вардар