24фудбал

Пасиенса: Подобар тим сме од Вардар, требаше убедливо да победиме

Тренерот на АПОЕЛ, Доминго Пасиенса вели дека неговиот тим требал да победи убедливо против Вардар но реализацијата затаила, верува дека тие ќе бидат конечниот победник.

Лига на Шампиони
АПОЕЛ создаде четири големи шанси против Вардар од кои Пачовски успеа со фантастични интервенции да скроти три, едната заврши блиску до неговата статива.
 
Вардар во Никозија се бранеше и македонскиот шампион успеа во намерата непоразен да се врати од Кипат. Домашниот тренер верува дека резултатот во Скопје ќе биде во полза на неговиот тим.
 
„Бевме многу подобар тим. Вардар мислеше само на одбраната. Создадовме неколку одлични шанси и доколку имавме добра реализација можевме да победиме и со 3-0 или 4-0" - вели тренерот на АПОЕЛ, Пасиенса.
 
„Нема зошто да паничиме, подобар тим сме од Вардар, го одигравме дуелот пред нашата публика, следува реваншот каде што ќе одиме на победа".