24фудбал

Фелипе: Би сакал со победа да дебитирам за Вардар

Новото засилување на Вардар, Хуан Фелипе со нетрпение го очекува својот прв официјален настап за македонскиот шампион, се надева на успешно деби, посакува тоа да биде со победа.

Македонија
Вардар утре со почеток од 19 часот во Никозија го игра првиот квалификациски меч од Лигата на шампионите против АПОЕЛ. За Бразилецот, Фелипе тоа ќе биде прв меч во европските купови.
 
„Едвај чекам да почне мечот со АПОЕЛ. Исто така целиот тим, сите играчи со нетрпение го очекуваат стартот на натпреварот“ - вели Фелипе за официјалната страна на Вардар.
 
„Би сакал да дебитирам со победа. Тоа е најважно. Секако дека ако би можел да постигнам гол, би било фантастично. Меѓутоа пред се сакам да триумфираме, или да извлечеме добар резултат пред вториот меч“.
 
„Трениравме напорно во Австрија и во Скопје и се подготвувавме за овој предизвик. Јас до сега немам играно во Лигата на шампионите и не знам какво е чувството, но оние кои биле дел ми пренесоа дека тоа е нешто посебно. Затоа со нетрпение го чекам дуелот со АПОЕЛ“.