24фудбал

Официјално: Манчестер јунајтед го комплетираше трансферот на Дармијан

Манчестер јунајтед потпиша со италијанскиот дефанзивец, Матео Дармијан од Торино за сума од околу 12,7 милиони фунти.

Англија
Активен трансфер ден за Манчестер јунајтед, најпрво соопштија за договорот со Баерн Минхен за Бастијан Швајнштајгер, а сега го промовираат и Дармијан како ново засилување.
 
Италијанскиот фудбалер стави потпис на четири годишен договор, со опција за уште една дополнителна година.
 
„Ми се оствари сонот да потпишам за Манчестер јунајтед. Имав одличен период во Торино и сакам да му се заблагодарам на клубот и фановите за се што направија за мене. Сигурен сум дека ќе разберат дека ова беше голема можност за мене да заиграм за еден од најголемите клубови во светот" - изјави Дармијан.
 
Задоволен од трансферот е и тренерот на Јунајтед, Луи Ван Гал.
 
„Маето е десен бек кој исто така може да игра на левата страна. Тој е силен дефанзивец со одлични офанзивни катактеристики, има атрибути кои се потребни за брзиот ритам во Премиерлигата. Матео ќе биде големо засилување за овој тим" - изјави Ван Гал.
 
Сумата која ќе ја плати Јунајтед не е официјално објавена, но според медиумите Торино од овој трансфер ќе заработи 12,7 милиони фунти.