24фудбал

’Кариоките’ го одбиле Пеп Гвардиола

Дани Алвес открива дека Пеп Гвардиола сакал да седне на тренерското столче на Бразил, но ’Кариоките’ верувале дека Шпанецот не е прав човек за нив

Лига на Шампиони

Во разговор со ТВ каналот Bola de Vez, десниот бек на Барселона вели дека Пеп Гвардиола имал план како на Бразил да му ја донесе титулата на СП 2014.

Сепак, првите луѓе на фудбалската федерација биле загрижени дека луѓето ширум Бразил нема да прифателе странец на кормилото на репрезентацијата, па наместо да го ангажираат Пеп Гвардиола, доверба му укажале на Луиз Фелипе Сколари.

„Пред светското првенство, Пеп сакаше да биде тренер на Бразил, но луѓето од федерацијата го одбија” – рече Дани Алвес

„Пеп сакаше да не направи најдобри во светот, да ни ја донесе титулата на мундијалот, имаше подготвено план, стратегија... но не го сакаа”.

„Рекоа дека не знаеле како луѓето од Бразил ќе го прифатат. Доколку не го прифатите најдобриот тренер во светот, човекот што може да не направи подобри, тогаш не се грижите за ’Селесао’”.

„Гвардиола веќе го имаше составено тимот во главата”.

„Пеп е најдобриот тренер во светот. Тој го револуционираше фудбалот”.

„Имавме шанса да го ангажираме без да потрошиме огромна сума на пари... неговата намера беше да добие бонус само ако донесе успех”.

„Како можете да пропуштите ваква прилика?”

Бразил на домашен терен минатата година доживеа дебакал откако загуби со 7-1 во полу-финалето против Германија.