24фудбал

Манчестер јунајтед подготвува 82 милиони евра за Милер

Германските медиуми најавуваат дека Јунајтед е подготвен да одвои цело богатство за нов напаѓач, а прв на листата од желби е Томас Милер од Баерн Минхен.

Англија
Радамел Фалкао следната сезона ќе игра во Челзи, а Робин ван Перси најверојатно ќе продолжи во Турција, па Манчестер јунајтед е во потрага по нов напаѓач
 
Германската телевизија Спорт 1, објави дека постојат сериозни недоразбирања помеѓу Гвардиола и Милер кои резултирале со кавга на еден од тренинзите.
 
Луи ван Гал добро ги познава квалитетите на Милер од времето кога работеше со него, па Спорт 1 смета дека Холанѓанецот по секоја цена сака да го донесе напаѓачот на Баерн во своите редови.
 
Германската телевизија објавува дека Јунајтед е подготвен да одвои неверојатни 82 милиони евра за ангажман на Милер.