24фудбал

Раководството ги брка навивачите: Работнички - Флора за 200 денари

Раководството на Работнички одлучи цените на билетите за дуелот со Флора Талин да бидат по 200 денари, македонскиот тим наместо да привлече повеќе навивачи одреди непопуларни цени.

Македонија
Работнички има негатива од 1-0 по првиот натпревар со Флора Талин, па на романтичарите ќе им биде потребна поддршка од навивачите за да дојдат до посакуваниот резултат.
 
Но раководството на Работнички со одредената цена повеќе ги брка навивачите отколку што ги повикува да дојдат.
 
За разлика од Работнички, Вардар кој игра со многу поатрактивен против се реши цените на билетите да бидат 100 денари, исто како и Ренова против Дачија.
 
Билетите за дуелот помеѓу Шкендија и Абердин беа по 200 денари, но тетовскиот клуб за разлика од Работнички има многу поголема база на фанови.