24фудбал

Џентлменот Кристијано Роналдо (ФОТО)

Атрактивна русокоса на Инстаграм се пофали дека Кристијано Роналдо и го пронашол изгубениот телефон, а потоа ја однел и на вечера

Фото

Остин Милан била на одмор во Лас Вегас, каде батериите за новата сезона ги полни и Кристијано Роналдо.

Нивните патишта се вкрстиле откако Остин Милан го загубила телефонот, а Португалецот успеал да го најде.

CR7 се погрижил лично да го достави телефонот и притоа ја поканал девојката на вечера.

За целата случка Остин Милан се пофали на Инстаграм, каде напиша: „Лоша вест е тоа што го загубив телефонот пред два дена. Добра вест е тоа што Кристијано Роналдо го најде. Уште подобра вест е тоа што ме однесе на вечера”.