24фудбал

Милан се откажува од талентираниот Мастур за да дојде до Ибра

Медиумите од Италија пренесуваат дека ’Росоњерите’ се подготвени да го продадат талентираниот Хаким Мастур за да стигнат до услугите на Златан Ибрахимовиќ

Италија

17 годишниот офанзивен фудбалер од средниот ред важи за еден од најперспективните млади играчи во Италија и Европа, и се најавуваше како голема идна ѕвезда на Милан.

Сепак, Хаким Мастур би можел воопшто да не заигра за првиот тим на ’Росоњерите’.

ПСЖ пројавува сериозен интерес за услугите на Мароканецот, се говори дека ’Светците’ се подготвени да платат 5 милиони евра.

Според Sky Sport, ’Росоњерите’ се спремни да се откажат од својот бисер доколку успеат да стигнат до услугите на Златан Ибрахимовиќ.

Се говори дека агентот на Ибра, Мино Раиола веќе е во Париз и ќе се сретне со лидерите на ПСЖ во обид да пронајде решение.