24фудбал

Дали сте озбилни, Милер, Робен и пари во замена за Ди Марија?

Медиумите од ’Островото’ одново наседнаа на лажен профил на Твитер и најавија бомбастична трампа помеѓу Баерн Минхен и Манчестер јунајтед

Англија

Очигледно во потрага на спектакуларен наслов, без да се провери изворот, медиумите од ’Островото’ утрово најавија сензационален трансфер.

По твитот на Ули Бекер, кој се престави како новинар на Bild, беше објавено дека Баерн Минхен е подготвен да го понуди Томас Милер, Арјен Робен и пари за да стигне до услугите на Анхел ди Марија.

’Црвените Ѓаволи’ сигурно со задоволство ќе прифатат ваква зделка бидејќи ќе добијат двајца играчи по желба на менаџерот Луј ван Гал како и пари за Анхел Ди Марија, кој не се снајде во првата сезона на Олд Трафорд.

Сепак, спротивно на тврдењата на медиумите од ’Острвото’ сето ова нема да се случи, бидејќи приказната е лажна и Bild нема статија за ваква бомбастична трампа.

Твитот на Ули Бекер за кратко време беше тргнат, а подоцна беше избришан и профилот.