24фудбал

Барса има опција да го врати Туран во Атлетико

Новиот претседател на ’Каталонците’ ќе има можност да стави вето на трансферот на Арда Туран, ваквиот евентуален потег ќе ја чини Барселона 3,4 милиони евра

Шпанија

Клубот од Камп Ноу вчера соопшти дека е постигнат договор за ангажман на Арда Туран од Атлетико Мадрид во зделка вредна 34 милиони евра, плус 7 милиони евра во бонуси.

Трансферот беше договорен уште минатата недела, но целата операција беше ставена под знак прашалник откако привременото раководство на Барселоно во прв момент одби да даде зелено светло.

Сепак, по голема дебата, комитетот кој раководи со Барселона до изборот на нов претседател вчера донесе одлука да го исполни барањето на тренерот Луис Енрике и да го ангажира Арда Туран.

Но постои можност играчот воопшто да не го облече дресот на ’Каталонците’ бидејќи новиот претседател ќе има можност да стави вето на трансферот.

Во договорот помеѓу Барса и Атлетико е вметната клаузула според која шампионот на Шпанија може да го врати Арда Туран на Висенте Калдерон, а оваа опција истекува на 20. јули.

Ваквиот евентуален потег ќе ги чини ’Каталонците’ 3,4 милиони евра, односно Арда Туран ќе биде продаден на Атлетико за 30,6 милиони евра.