24фудбал

Јакимовски: Сонувам да играм за Џенова

Македонскиот фудбалер, Никола Јакимовски кој е слободен играч за италијанските медиуми ја откри својата желба да игра под водство на Гасперини во тимот на Џенова.

Македонија
Јакимовски со игрите за Варезе минатата сезона го привлече вниманието на неколку екипи. Македонецот има неколку понуди од Турција и Романија, но преферира да остане во Италија, а негова конкретна желба е тимот на Џенова.
 
„Сезоната со Варезе беше тешка, не можам да го негирам тоа. Но тие ми дадоа шанса да дојдам во Италија и поради тоа овој клуб засекогаш ќе биде во моето срце" - изјави Јакимовски за Кориере дело Спорт.
 
„Сакам да останам во Италија. Добро ми е тука. Не ми се важни другите понуди. Мојот сон е да играм во Џенова, да играм во формацијата на Гасперини 3-4-3".
 
„Гасперини е одличен тренер, неговата игра секогаш е спектакуларна и би сакал да играм за него. Моето срце е црвено и сино, сакам да го облечам тој величествен дрес и да играм за тие фантастични фанови".
 
Желбата на Јакимовски да игра за Џенова е јасно, останува да видиме дали новиот клуб на Пандев ќе одлучи да ангажира уште еден Македонец.