24фудбал

Реал ќе треба да плати 15€ милиони за Касиљас да си оди

Според пишувањата на Marca, Реал Мадрид ќе треба да одвои околу 15 милиони евра за Икер Касиљас да потпише со Порто

Шпанија

Подолго време се говори дека Икер Касиљас ова лето ќе замине од Сантијаго Бернабеу, а вчера се појавија стории кои велеа дека на адреса на Шпанецот пристигнала понуда од Порто.

Репрезентативецот на ’Црвената Фурија’ сериозно размислува за преселба на Драгао Стадионот, но зделката воопшто не е едноставна.

Порто не е во можност да си ја дозволи високата плата на голманот, па Реал Мадрид ќе треба да одвои околу 15 милиони евра за да се реализира евентуалниот трансфер.

Според денешното издание на Marca, Порто на Икер Касиљас му понудил две годишен договор и бруто плата од 5 милиони евра по сезона.

Шпанецот според договорот со Реал Мадрид ќе има бруто плата од 13 милиони евра оваа сезона, и 12 милиони евра во следната.

Па токму ’Кралевите’ ќе треба да ја надополнат ваквата разлика и да одвојат 15 милиони евра.