24фудбал

Марота: Трансферот на Видал во Реал е утопија

Генералниот директор на ’Старата Дама’, Бепе Марота вели дека нема вистина во сториите кои го поврзуваат Артуро Видал со преселба во Реал Мадрид

Италија

Минатата недела се појавија неколку стории кои велеа дека Артуро Видал кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Медиумите од Чиле пренесоа дека фудбалерот од средниот ред постигнал согласност со ’Кралевите’ за пет годишен договор.

Исто така се говореше дека Реал веќе доставил конкретна понуда до Јувентус, и се најавуваше дека трансферот ќе се реалиира во скоро време.

Сепак, генералниот директор на ’Старата Дама’, Бепе Марота вели дека нема вистина во ваквите стории.

„Видал во Реал? Тоа се само шпекулации” – рече Марота.

„Имаме добар однос со Реал Мадрид и тие до овој момент не доставиле понуда”.

„Сториите што пристигнуваат од Чиле се само утопија”.