24фудбал

Официјално: Арда Туран потпиша за Барселона

Арда Туран е ново засилување на Барселона, турскиот фудбалер потпиша пет годишен договор со шпанскиот шампион.

Шпанија
Шпекулациите кои го поврзуваа Арда Туран со Барселона се остварија, каталонскиот клуб го потврди трансферот.
 
Атлетико Мадрид ќе добие 34 милиони евра и дополнителни седум од различни клаузули.
 
Поради забраната за трансфери, Арда Туран нема да може да настапува во дресот на Барселона до јануари, па се очекува да биде испратен на позајмица во првите четири месеци од сезоната.