24фудбал

Ријека е новиот клуб на Стефан Ристовски

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски потпиша четири годишен договор со хрватскиот клуб, Ријека.

Италија
Ристовски кариерата ја продолжува во Хрватска, 23-годишниот фудбалер од денеска е нов член на Ријека.
 
По банкротирањето на Парма, Ристовски стана слободен играч, беше во преговори со Латина но не успеа да се договори.
 
Македонскиот фудбалер како слободен агент одлучи дека Ријека ја има најдобрата понуда за него и потпиша четири годишен договор.