24фудбал

Видал се договорил со Реал Мадрид

Според чилеанските медиуми, Артуро Видал е блиску до трансфер во Реал Мадрид, фудбалерот веќе постигнал договор за личните услови.

Шпанија
Ла Теркера пишува дека Артуро Видал ќе потпише пет годишен договор со Реал Мадрид.
 
До минатата недела Видал се поврзуваше со трансфер во Арсенал, но се чини дека фудбалерот нема да се пресели во Премиерлигата.
 
Реал Мадрид и Јувентус се пред договор за трансферот на Видал, а директор на шпанскиот клуб отпатувале во Чиле каде што треба да го формализираат трансферот.
 
Видал вечерва треба да биде еден од клучните фудбалери во чилеанската репрезентација во финалниот натпревар против Аргентина, а деновите по Копа Америка се очекува и конечно да се знае во кој клуб ќе настапува идната сезона.