24фудбал

Навивачите на Реал Мадрид сакаат Рамос да си оди од клубот

Според анкетата на мадридскиот весник АС, најголемиот дел од навивачите на Реал Мадрид сакаат Серхио Рамос да го напушти клубот.

Шпанија
Навивачите на Реал Мадрид го губат трпението. Иако е еден од најдобрите дефанзивци во светот, Рамос ја губи почитта кај фановите поради тоа што тој бара од клубот да биде продаден.
 
55% од анкетираните фанови на Реал Мадрид, сметаат дека фудбалерот треба да го напушти клубот.
 
Рамос сака преселба во Манчестер јунајтед, но Реал Мадрид сигурно нема лесно да се откаже од својот фудбалер.
 
Реал Мадрид и Манчестер јунајтед се во преговори и за трансфер на Де Геа. Се чини дека или двајцата играчи ќе ги разменат дресовите или и двајцата ќе останат во своите сегашни клубови.