24фудбал

Конопљанка на лекарски прегледи со Севиља

Клубот од Андалузија соопшти дека ги договори личните услови на Јевген Конопљанка, кој денеска треба да ги помине лекарските прегледи

Шпанија

Актуелниот шампион во Лига Европа е на добар пат да ги победи Атлетико Мадрид и Ливерпул во трката за потписот на Јевген Конопљанка.

Севиља ги договори личните услови на 25 годишниот репрезентативец на Украина, кој веќе е во Шпанија и денеска треба да ги помине редовните лекарски прегледи.

Клубот од Рамон Санчез Пизхуан ќе треба само уште да постигне согласност со Днипро пред официјално да го потврди трансферот.

„Севиља постигна договор со репрезентативецот на Украина, Јевген Конопљанка” – гласеше известувањето.

„Останува играчот да ги помине лекарските прегледи и да биде постигнат финален договор со Днипро”.