24фудбал

Јунајтед бара рекордна сума за Де Геа

Според медиумите од ’Островото’, клубот од Олд Трафорд инсистира Реал Мадрид да плати 35 милиони фунти за услугите на Давид Де Геа и да го направи Шпанецот најплатен голман во светот

Англија

Репрезентативецот на ’Црвената Фурија’, кој има само уште една година од договорот, одби да ја продолжи верноста кон Манчестер јунајтед откако на негова адреса пристигна понуда од Реал Мадрид.

Многумина веруваа дека преселбата на Давид Де Геа на Сантијаго Бернабеу е само формалност, но ’Црвените Ѓаволи’ немаат намера лесно да се откажат од голманот.

Шпанскиот весник AS вчера објави дека Манчестер јунајтед ја намалил цената на 35 милиони евра (25 милиони фунти), но медиумите од ’Островото’ велат дека нема вистина во ваквите написи.

Неколку весниците, помеѓу кои Daily Mail и Express пишуваат дека клубот од Олд Трафорд инсистира Реал Мадрид да плати 35 милиони фунти (околу 50 милиони евра).

Манчестер јунајтед им порачал на ’Кралевите’ дека ќе мораат да го направат Давид Де Геа најскапо платениот голман во светот на фудбалот доколку сакаат да стигнат до потписот на Шпанецот.

Во меѓувреме, Давид Де Геа вчера пристигна во Мадрид, но само на неколку дневен одмор.

„Дојдов само да се релаксирам” – рече Де Геа. „На одмор сум”.