24фудбал

Марота: Не сакаме да го продадеме Погба

Генералниот директор на Јувентус, Бепе Марота уште еднаш нагласува дека Пол Погба нема да биде продаден во летниот преоден рок

Италија

Французинот е мета на гигантите ширум Европа, и се очекува на адреса на ’Старата Дама’ да пристигнат неколку мега понуди.

Делегација на Барселона оваа недела се сретна со лидерите на Јувентус, им презентираше понуда вредна 80 милиони евра, но шампионот на Италија го одби предлогот.

Во разговор со медиумите од Италија, Бепе Марота сега уште еднаш нагласува дека Пол Погба нема да биде продаден во летниот преоден рок.

„Знам дека Погба е желба на неколку клубови” – вели генералниот директор на Јуве. „Но тој е важен дел од нашиот состав и нема да го продадеме”.

„Го прифативме барањето на Барселона да разговараме за Погба и некои други фудбалски работи”.

„Нормално е тоа што Барса го сака Погба, но не сакаме да го продадеме играчот. Токму ова им го кажавме на лидерите на Барса”.

„Немаме намера да се збогуваме со играчите за кои веруваме дека се клучни за прогресот на нашиот проект. Погба останува во Јуве”.

Медиумите исто така шпекулираат дека Артуро Видал ќе се пресели во Реал Мадрид.

„Не сме добиле понуда” – одговори кратко Бепе Марота.