24фудбал

Милан потпиша со Луиз Адриано

Милан сепак успеа да стигне до потписот на Луиз Адриано, напаѓачот се обврза кон ’Росоњерите’ до 2020

Италија

Минатата недела се чинеше дека Милан ја загуби битката за Бразилецот откако Шахтјор Доњецк се договори со Ал Ахли.

Сепак, играчот не успеа да пронајде заеднички јазик со клубот од Дубаи, па зделката пропадна.

’Росоњерите’ го искористија ваквиот развој на настаните, се договорија со Луиз Адриано и Шахтјор, па репрезентативецот на ’Кариоките’ вчера стави потпис на пет годишен договор.

„Милан може да соопшти дека го купи Луиз Адриано од Шахтјор. Играчот стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2020” – гласеше известувањето на тимот од Сан Сиро.

Медиумите од Италија пренесуваат дека ’Црвено-црните’ за услугите на Луиз Адриано ќе платат околу 8 милиони евра.