24фудбал

Официјално: Милан го договори трансферот на Бака

Милан потврди дека е договорен трансферот на Бака од Севиља, фудбалерот треба да ги помине медицинските тестови и да потпише договор со росоњерите.

Италија
Милан ангажира големо засилување, херојот на Севиља од Лига Европа пристигнува на Сан Сиро.
 
„Милан сака да објави дека е постигнат договор со Севиља за трансфер на фудбалерот Карлос Бака, комплетирањето на трансферот ќе биде по медицинските тестови кои ќе се случат во наредните денови" - стои во соопштението на клубот.
 
Откупната клаузула на Бака е 30 милиони евра, но не е познато дали Милан добил попуст со оглед на тоа дека во спротивен правец замина Адил Рами.
 
Карлос Бака ќе потпише четири годишен договор со Милан и ќе заработува околу 3,5 милиони евра по сезона.