24фудбал

Гвардиола: Швајни е тој што ќе одлучи каде ќе игра

Пеп Гвардиола ќе биде среќен доколку Бастијан Швајнштајгер остане на Алианц Арена, но вели дека играчот е тој што го има последниот збор

Германија

Репрезентативецот на ’Панцирите’ е под договор со Баерн Минхен до 2016, па често се говори дека Бастијан Швајнштајгер ова лето ќе ја промени средината и ќе се пресели во Манчестер јунајтед.

Пеп Гвардиола посакува да смета на услугите на Германецот и во новата сезона, но инсистира дека играчот е тој што го има последниот збор.

„Во моментов Швајни е играч на Баерн Минхен” – рече Шпанецот на денешната прес конференција. „Но не знам што ќе се случи утре”.

„Швајни одлучува за сопствената иднина, тој треба да реши дали сака да остане, а не јас или Карл Хајнц Румениге”.

„Доколку Швајнштајгер реши да остане, тоа ќе биде перфектно. Тој е фудбалер од светска класа”.