24фудбал

Официјално: Рами од Милан се пресели во Севиља

Севиља соопшти дека го договорила трансферот на Адил Рами кој треба да ги помине медицинските тестови и да потпише договор со шпанскиот клуб.

Италија
Севиља и Милан го договорија трансферот на Рами, остануваат уште формалности за тој да биде комплетиран.
 
„Севиља постигна договор со Милан за трансферот на Адил Рами. Францускиот интернационалец следната недела ќе дојде на медицински тестови и ако се се одвива добро ќе потпише четири годишен договор" - стои во соопштението на клубот.
 
Според Марка, трансферот изнесува 3,5 милиони евра.