24фудбал

Пехарот од Суперкупот пристигна во Скопје (ФОТО)

Пехарот од европскиот Суперкуп од синоќа е во Скопје, денеска беше претставен на прес конференција на ФФМ, а вечерва и утре ќе биде изложен во Скопје Сити Мол.

Македонија
Пехарот кој во 2017 година ќе биде доделен во Скопје на победникот на Суперкупот, деновиве е во нашиот главен град.
 
Граѓаните ќе можат да го видат вечерва од 18 до 22 часот во Сити Мол, како и утре од 11 до 12 часот.
 
Денеска Фудбалската федерација на Македонија одржа прес конференција по повод добавањето на организацијата на Европскиот Суперкуп.
 
„За македонскиот фудбал е голема чест што ќе има централна, историска улога во градењето на надворешниот имиџ на нашата земја, но тоа исто така е обврска и голема одговорност. Со добиената доверба да бидеме домаќини на еден од најголемите светски фудбалски настани ја исполнивме амбицијата да направиме уште еден чекор напред и да го дадеме својот придонес за европскиот фудбал. Тоа е тренд кој одговара на модерните времиња, а ние безусловно го следиме" - изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.