24фудбал

Официјално: Баерн го ангажираше Даглас Коста

Баерн Минхен и Шахтјор Доњецк соопштија дека Даглас Коста ќе се пресели на Алианц Арена во трансфер вреден 30 милиони евра

Германија

Медиумите од Германија минатата недела пренесоа дека Бразилецот ќе го засили ’Баварците’ ова лето, а ваквата вест официјално беше потврдена денеска.

„Шахтор Доњецк и Баерн Минхен го договорија трансферот на Даглас Коста. Шампоионот на Германија за услугите на играчот ќе плати 30 милиони евра” – гласеше известувањето на клубот од Украина.

Даглас Коста со Баерн стави потпис на пет годишен договор и се обврза кон клубот од Алианц Арена до 2020.

„Ми се оствари сонот” – рече 24 годишниот репрезентативец на ’Кариоките’.

„Горд сум што ќе го носам дресот на Баерн, клуб за кого играа неколку познати Бразилци”.

„Со нетрпене ја чекам новата авантура и ќе го дадам максимумот за да ги оправдам очекувањата”.