24фудбал

Милер: Јунајтед? Среќен сум во Баерн

Томас Милер вели дека е поласкан од интересот на голем клуб како Манчестер јунајтед, но не планира да замине од Алинац Арена

Германија

Се шпекулира дека репрезентативецот на ’Панцирите’ е трансфер цел на ’Црвените Ѓаволи’, каде што менаџер е Луј ван Гал, човекот со кој изгради одличен однос во Баерн Минхен.

Во разговор со Sport Bild, Томас Милер признава дека е поласкан од интереснот на најтрофејниот клуб од Англија, но инсистира дека е среќен на Алианц Арена и не планира да замине од Минхен.

„Кога ќе пристигне понуда, по автоматизам ја разгледувате” – вели Германецот. „Интересот на голем клуб е чест и признане дека прикажувате добри игри”.

„Но јас се чувствувам добрво во Баерн, среќен сум тука и имам договор до 2019”.

„Немам што повеќе да кажам за шпекулациите”.