24фудбал

Ренова загуби од Дачија, македонскиот тим пред елиминација

Со пораз започнаа настапите на македонските екипи на евро сцената, Ренова на домашен терен беше совладана од Дачија со 1-0.

Македонија
Ренова и Дачија одиграа израмнет натпревар кој го добија гостите со гол уште на почетокот од натпреварот.
 
Молдавскиот претставник поведе уште во 12. минута со гол со глава на Михаи Рошча.
 
По примениот гол Ренова ја превзема иницијатива но тешко создаваше шанси. Сино-белите имаа два обиди во првиот дел преку Емини и Гафури кои завршија неуспешно.
 
Најубавата шанса за Ренова се случи на почетокот од второто полувреме кога Емини биеше прецизно од слободен удар но гостинскиот голман со одлична интервенција спаси израмнување.
 
Во продолжението Ренова јалово се обидуваше да направи нешто повеќе, Дачија знаеше како да ги неутрализира нападите и да го сочува водството до крај.
 
Реваншот е за седум дена во Молдавија, Ренова нема големи шанси за пласман во следното квалификациско коло.