24фудбал

Де Брујне останува во Волфзбург

Спортскиот директор на ’Волците’, Клаус Алофс инсистира дека Кевин Де Брујне нема да биде продаден во летниот преоден рок

Германија

Репрезентативецот на ’Црвените Ѓаволи’ имаше фантастична сезона, беше прогласен за најдобар играч во Бундеслигата, па го привлече вниманието на неколку клубови.

Се шпекулира дека Баерн Минхен, Манчестер сити и ПСЖ се подготвени да одвојат мало богатство за да го видат Кевин Де Брујне во своите редови.

Сепак, Волфзбург не сака да остане без својот најдобар фудбалер и порачува дека Белгијанецот не е на продажба.

„Кевин е под договор до 2019” – вели спортскиот директор Клаус Алофс во разговор со Sport1. „Пораката веќе е испратена. Де Брујне останува”.

Вицешампионот на Германија ќе му понуди нов договор на играчот и Клаус Алофс очекува двете страни за кратко време да најдат заеднички јазик.

„Кажавме дека ќе му понудиме нов договор”.

„Планот е да ја зголемиме неговата плата во согласност со изворедниот развој што го забележа, и очекувам за кратко време да си подадеме рака”.