24фудбал

Жервињо барал хеликоптер и приватна плажа за потпис со Ал Џазира

Медиумите од Италија објавуваат детали од пропаднатиот трансфер на Жервињо во Ал Џазира, играчот имал прекумерни и нелогични барања

Останато

Подолго време се говореше дека репрезентативецот на БСК ќе ја продолжи кариерата во Обединетите Арапски Емирати откако Рома и Ал Џазира постигнаа договор за трансфер вреден 13 милиони евра.

Сепак, клубот од Абу Даби вчера се повлече од зделката, поради прекумерните и нелогични барања на Жервињо.

Денешното издание на La Gazzetta dello Sport открива детали од барањата што ги имал играчот.

Напаѓачот побарал приватна плажа, хеликоптер, сместување за целото негово семејство и редовни авионски билети до неговата родна земја, Брегот на Слоновата Коска.

Упрвата на Ал Џазира не сакала да одговори на ваквите барања, па Жервиљо сега ќе треба да си побара нов клуб.