24фудбал

Миранда на лекарски прегледи со Интер

Репрезентативецот на ’Кариоките’, Миранда утрово пристигна во Милано на лекарски прегледи со ’Нероаѕурите’

Италија

Интер е на чекор до комплетирање на трансферот на дефанзивецот Миранда од Атлетико Мадрид.

Бразилецот утрово пристигна во Милано на лекарски прегледи со клубот од Џузепе Меаца.

Се очекува попладнево Миранда да стави потпис на договорот, играчот ќе се обврзе кон Интер во следните три години и ќе има плата од 2,5 милиони евра по сезона.

Репрезентативецот на ’Кариоките’ ќе се пресели на Џузепе Меаца на позајмица за која Интер ќе плати 3 милиони евра.

’Нероаѕурите’ во целост ќе го откупат играчот следното лето за сума од 9,5 милиони евра, плус 2 милиони во бонуси.