24фудбал

Махмудов - бугарски новинари 1:1, Македонецот овој пат им зборуваше на холандски! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер, Денис Махмудов не ја повтори грешката, денеска на бугарските новинари им се обрати на холандски јазик а неговиот татко ја имаше улогата на преведувач.

Видео
Пред две недели Махмудов имаше борба со бугарските новинари, не го разбираше најдобро нивниот јазик па стана предмет на сеир на цел Балкан.
 
Но, Македонецот ја научи лекцијата и денеска откако го потпиша договорот со Левски, на холандски им се обрати на новинарите а неговиот татко ја имаше улогата на преведувач.