24фудбал

Рамос сака трансфер единствено во Манчестер јунајтед

Серхио Рамос им порачал на челниците на Реал Мадрид дека сака да замине во Манчестер јунајтед и да преговараат само со нив и со ниту еден друг клуб.

Англија
Серхио Рамос е цврсто решен ова лето да замине од Реал Мадрид и да направи трансфер во тимот на Манчестер јунајтед.
 
Експертот за шпански фудбал на Скај Спортс, Грахам Хантер открива дека Рамос на челниците на Реал Мадрид им ја соопштил одлуката за заминување и им порачал да преговараат единствено со Манчестер јунајтед.
 
„Рамос директно им соопштил на челниците на Реал Мадрид дека сака да замине од клубот ова лето и сака тие да почнат преговори со Манчестер јунајтед и никој друг клуб" - вели Хантер за Скај Спортс.
 
Манчестер јунајтед имаат доставено и официјална понуда за Серхио Рамос која изнесува 28,6 милиони фунти.