24фудбал

Официјално: Бертолачи потпиша за Милан

Милан и официјално го ангажираше Андреа Бертолачи, за фудбалерот од средниот ред росоњерите ќе и платат 20 милиони евра на Рома.

Италија
Откако ги помина медицинските тестови, Бертолачи стави потпис на четири годишен договор со Милан.
 
Тој се до минатата недела беше во ко-сопственост помеѓу Џенова и Рома, римската волчица комплетно го откупи и го продаде на Милан за 20 милиони евра.
 
„Дојдов во многу голем клуб и не можам да дочекам да почнам" - изјави Бертолачи кој имаше одлична сезона во дресот на Џенова.
 
„За мене Милан секогаш беше прв избор, навистина го сакам овој клуб. Има голем проект и голема желба за подобри резултати после тешката сезона".